Hyundai е нов сопственик на робот кучето Spot

Дејан Соколоски

во Свет

Kреаторот на робот кучето Spot и хуманоидниот робот Atlas, Boston Dynamics повторно го менува сопственикот. Јапонскиот гигант SoftBank според најавата, ќе го продаде Boston Dynamics на Hyundai за 921 милиони долари, пренесе CNET.

Hyundai секако е еден од препознатливите корејски производители на автомобили, но кога роботите се во прашање компанијата не е првото име кое се споменува. Сепак Hyundai работи на индустриски роботи, дел од нив користи и во сопствените погони.

Делот за автономија кој го развиваат во Boston Dynamics без сомневање би бил интересен за секоја компанија. Колку ова може да им помогне во развој на паметен автомобил засега не е јасно.

Можеби поинтересниот, иако фантастичен развој е користење на технологијата за футуристички возила. Hyundai не е странец во светот на луди концепт возила. Компанијата пред 2 година на CES претстави концепти на луди автомобили кои засега се далеку од реалноста.

Футуристичките амбиции на Hyundai не завршуваат тука. Во 2016 објавија дека во иднина би можеле да претстават и егзоскелет кој би им помогнал на луѓето да креваат товар од неколку стотици килограми.

Boston Dynamics досега беше во сопственост и на Google кој ја продаде компанијата на SoftBank.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии