Hyperloop One заврши со првите тестови

Идејата која излезе од Tesla, која пак компанијата ја сподели јавно, Hyperloop One, успешно го заврши првиот тест. До неодама ваквиот превоз беше единствено концепт, но првиот функционален прототип е реалност, јави Next Web.

Последниот тест овозможи возилото да забрзува до 10 отсто од теоретската брзина. Тестот траеше само 5.6 секунди, но дури и за ова кратко време „вагонот“ успеа да достигне брзина од 112 km/h. Ако ова не е доволно да ве импресионира, следниот тест ќе биде со забрзување до 400 km/h. Целта на технологијата е да се достигне брзина од 1.120 km/h, која барем засега изгледа доста нереално.

„Hyperloop One ќе ги пренесува луѓето и работите побрзо од било кога досега. Со Hyperloop One светот ќе биде почист, побезбеден и побрз. Ќе го направиме светот многу поефикасен и ќе влијаеме на начинот на кој функционираат градовите, каде живееме и каде работиме. Ќе може да се движиме помеѓу градови како кога се движиме помеѓу станици на метро“, вели Шервин Пишевар ко-основач и директор на Hyperloop One.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии