Hunt: Showdown станува значително подобра

Hunt: Showdown допрва ќе почне да се надградува и да станува подобра. Доколку може да се верува на Crytek, 2020 година ќе донесе во играта можност за самостојно играње, нова мапа, и специјални временско-ограничени настани.

Тимот е целосно фокусиран на проширување на базата со играчи. Покрај планирани можности за кросплеј помеѓу Xbox играчите со PC играчите, оваа мрежна, battle royale игра планира да ви дозволи да се впуштите во соло PvE режим на играње каде потребно е да ги пронајдете NPC чудовиштата без да се плашите дека некој друг играч ве има на нишанот.

Во меѓувреме, тимот работи на ново надополнување кое ќе се одликува со нов режим за играње од тим од тројца играчи избрани по случаен избор. Туторијалот ќе биде значително подобрен, а новите оружја ќе можете да ги тестирате и со целосно нови ликови. Со надополнувањето 1.2 доаѓаат и бројни исправки.

Датумите на овие новитети сеуште не се познати, но се очекува брзо пласирање на надополнувањето 1.2, додека за соло модот може да се почека повеќе.

Hunt: Showdown излезе пред половина година, но за многу брзо време успеа да ги освои гејмерите со крајно уникатни чудовишта во интересен свет во кој се вдомени battle royale механики. Играта моментно ужива во многу позитивни рецензии на Steam. Тимот зад играта е најдобро познат по Crysis акционите игри во прво лице.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии