Humble Bundle Mojam, гледајте како Mojang создава игра за 60 саати

Mojang, во соработка со дечките што го започнаа Humble Bundle, го закажаа 17 февруари за почеток на 60 часовниот маратон, за кое време ќе можете во живо да видите како ќе направат игра, од жанра која беше избрана преку гласање. Во основа тие веќе преку стриминг во живо веќе започнаа со работа.

Humble Bundle Mojam настанот ќе ја даде цела заработка од овој маратон за добротворни цели, заработка која се одвива преку донации, типично за сите Humble Bundle проекти досега. Веќе се соберени над 75.000 долари.

Гласањето за жанрот на играта заврши со победа на Real Time Strategy жанрата 23.1% или 23.493 гласови, а понудените жанри беа Dungeon Crawler 21.35%, FPS 19.09%, Dating Simulator 11.92%, Peter Molyneux 9.9%, Racing Game 4.89%, Beat ’em Up 4.88%, Shoot ’em Up 4.87%, со вкупни 101.701 гласови, но веќе можевте тоа да го пресметате со информациите од победничката жанра. Исто така темата Steampunk беше изгласана со 27.66% од гласовите.

Mojang се луѓето што работат на Scrolls и што ја направија Minecraft, со тоа што Маркус ‘Notch’ Питерсон ја започна оваа популарна игра. Го викаат „Бог на инди игрите“, го викаат „Notch“, го викаат и “оној типот што ја направи Minecraft”. Маркус Питерсон заработи над милион долари за време од една година, а сега неговото богатство и влијание меѓу гејмерите е уште поголемо.

Овде можете да го следите развојот на играта http://www.humblebundle.com.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии