Humble Bundle ја намали цената на Humble Choice пакетите од игри за 50% во наредните шест мецеци

Мартин Јованчевски

во гејминг

Кога се работи за продажба на пакети со дигитални игри, Humble Bundle е еден од најдобрите вебсајтови, особено кога ќе се земе во предвид дека дел од парите што ги потрошите се одвојуваат за добротворни цели. Имено, по цена од 12 долари (за стари корисници) или 20 долари (за нови корисници), Humble Choice ви дозволува да изберете 12 игри кои ги регистрирате на Steam.

Но, добар дел од заедницата се чини дека се разочарани од месечната понуда од игри која се нуди преку Humble Choice. Квалитетот на игрите и нам нѝ се чини намален, особено кога ќе се спореди со одредени месеци од пред неколку години. Прошетајте низ редит форумите и ќе видите дека ова е мислење кое го делат поголемиот дел од гејмерите. Токму поради тоа, Humble Bundle со месеци врши агресивна политика за привлекување што е можно повеќе нови корисници. За само еден месец, понуди значително поевтина годишна претплата за новите корисници. Постоечките корисници негодуваа што не се вклучени во понудата, но набргу открија дека можат да ја купат евтината годишна претлата како подарок и да си ја подарат сами на себе.

Но, што е со оние кои сакаат претплата без правење неетички финти? Humble Bundle конечно реши да излезе во пресрет и на постоечките корисници и нуди можност во наредните шест месеци и за наредните шест пакети да плаќате по само шест долари, што е двојно поевтино од стандардните 12 долари. 12 игри за 6 долари се чини како повеќе од одлична зделка, но понудата важи само до крајот на годината. Одлично е тоа што не мора од еднаш да платите за сите шест месеци, туку наплатата се врши од месец до месец. Имајте во предвид дека доколку се откажете или ја паузирате претплатата ваучерот ќе стане неупотреблив.

Humble Choice $6 a month for 6 months

Кога ќе се претплатите на Humble Choice автоматски добивате пристап до бројни игри од нивната колекција, како и дополнителен попуст од 20%.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии