Hulu.com спрема интернационални верзии

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Новиот продукт на Холивуд – Hulu.com кој овозможува бесплатно прегледување на видеа, епизоди и филмови онлајн со кратки прекини за реклами наскоро ќе им овозможи пристап до своите содржини на интернет корисниците ширум светот, за разлика од сегашниот пристап кој е ограничен само на посетителите од САД.

Неофицијално деновиве на интернет се шират гласини дека првите интернационални верзии ќе бидат за Канада и Австралија и дека веднаш потоа ќе следат верзии за европските земји.

Од компанијата сеуште не ги потврдуваат (но не ги ниту негираат) гласините но напоменуваат дека Hulu.com има големи интереси за овозможување на пристап на сите интернет корисници во светот и дека работат на плановите како ќе биде изведено сето тоа. Од Hulu.com напоменуваат дека засега разните закони за авторски права и индустриска сопственост се главна пречка.

За оние нестрпливите кои сакаат да уживаат во видео содржините на Hulu.com, ABC.com и други сервиси кои се достапни засега само за корисниците во САД, обидете се со користење на Virtual Private Networks – VPN, како на пример HotSpot Shield.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии