1 коментар 1 мин. читање 26 јануари, 2017

Хуго Бара на чело на одделот за виртуелна реалност на Facebook

Бразилецот Хуго Бара кој на почетокот на оваа недела најави дека го напушта Xiaomi и се враќа во Силициумската Долина, се приклучи на Facebook. Г. Бара ќе биде задолжен за одделот за развивање на виртуелна реалност, вклучувајќи го и Oculus Rift, објави Марк Закерберг, на својот Facebook профил.

„Хуго го дели моето мислење дека виртуелната и проширената реалност ќе биде следната платформа. Ќе ни овозможат да искусиме потполно нови работи и да бидеме покреативни од било кога. Хуго ќе ни помогне да ја изградиме оваа иднина и јас сум среќен што е во нашиот тим.“

Претходно г. Бара работеше како потпреседател на Android во Google, а до пред неколку дена беше потпреседател во Xiaomi. Според објавата на основачот на Facebook, тие двајца се пријатели подолг период, уште од деновите кога Бара беше дел од Google. Во Xiaomi, Хуго Бара помогна во развојот на Mi VR.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top