Huawei тајно ја граделе бежичната мрежа во Северна Кореја

Дејан Соколоски

во Свет

Надополнето: 23 јули @ 13:08 часот, 2019

Во меѓувреме Huawei ги демантираше наодите на Washington Post:

„Huawei нема деловно присуство во Демократската Народна Република Кореја.

Huawei е целосно посветен на усогласување со сите важечки закони и регулативи во земјите и регионите каде што работи, почитувајќи ги сите закони и регулативи за контрола на извозот и санкциите на ОН, САД и ЕУ.“


Кинескиот производител на паметни телефони и телекомуникациска опрема Huawei, бил таен партнер на кинеската државна компанија Panda International Information Technology во изградбата на безжична мрежа во Северна Кореја. Проектот траел барем 8 години, покажуваат документи кои ги сподели Washington Post.

Интерните документи ги споделил анонимен „свиркач“ од компанијата. Уште двајца вработени споделиле уште други документи кои покажуваат дека компанијата Huawei работела во Северна Кореја. Дел од документите се работни налози, документи и табели (spreadsheet) од Huawei. Овие документи се достапни за преглед и за преземање на GitHub.

Изградбата на телекомуникациска мрежа, а и било каква соработка со Северна Кореја може да биде уште една причина поради која Huawei ќе биде санкциониран во САД. Ова не е преголемо изненадување за Одделот за трговија во САД, кој уште во 2016 година истражуваше дали компанијата работи во оваа држава.

Претставникот на Huawei објасни дека „Компанијата не е присутна во Северна Кореја“, сепак портпаролот не ја оспори автентичноста на документите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии