„Huawei Seeds for the future“ е програма на Министерството за информатичко општество и администрација и Huawei

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.МК

Заедничка програма на МИОA и Huwei ќе ги награди најдобрите студенти од ИКТ факултетите со учество на студиската програма „Huawei Seeds for the future”.

Станува збор за програма која на најдобрите ќе им овозможи од 27 октомври до 11 ноември да ги поосетат Пекинг и Шенжен. Тука студентите ќе може да се добијат практично искуство во областа на она што го изучувале, но и да се запознаат со кинеската култура и обичаи. За време на нивниот престој во Кина студентите ќе имаат можност да посетат часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија, како и да разменат искуства со други студенти од Кина и светот.

„Секој студент може да аплицира co скениран пасош и скенирано уверение за положени испити, просек од добиените оцени и вкупниот број на кредити, a пратени на маил apliciraj@mioa.gov.mk до 16.09.2018 година, 23:59 часот со наслов „Huawei Ѕееdѕ for the Future 2018“, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Повеќе податоци за можностите за аплицирање може да пронајдете во следниот документ. Или погледнете ги тука:

  • Да се студенти на акредитираните државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија, кои се запишани на програмите во областа информатика и телекомуникации.
  • поседуваат пасош кој истекува по 05.2019 година
  • има просек 9.00 или повисок
  • запишани по прв пат на студии после 2014 година
  • помлади од 30 години на денот на тргнување – 27.Октомври.2018 година
  • да имаат лична препорака (не за група во која учествувал студентот) од професор кој предава ИКТ предмет
  • да имаат уште најмногу 10 испити до дипломирање
  • да испратат мотивациско писмо на англиски јазик
  • да изработи видео до 2 минути во кое ќе се претстави и ги презентира на англиски јазик своите интереси за учество во програмата. Видеото може да го постави на YouTube, Google Drive, DropBox и слично, а линкот да го постави во мотивациското писмо.
  • да зборуваат, читаат и пишуваат англиски јазик (доказ е мотивациското писмо и видеото на англиски јазик)
  • треба да имаат интерес за кинески јазик и позитивен став кон кинеската култура.

 

Огласот на министерството во целост:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Министерство за информатичко општество и администрација

Ј А В Е Н   П О В И К

      за студиска посета на НР Кина за студентите од ИКТ факултетите поддржана од компанијата  Huawei

 

Се повикуваат студентите на ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија да аплицираат за Студиската посета на НР Кина – „Huawei Seeds for the Future 2018“ која ќе се одржи во периодот 27.Октомври до 11.Ноември 2018 година, поддржана од компанијата Huawei која е една од водечките ИКТ компании.

Станува збор за студиска програма која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди  можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата.

Студентите треба да ги исполнуваат следните услови/ критериуми:

  • Да се студенти на акредитираните државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија, кои се запишани на програмите во областа информатика и телекомуникации
  • поседуваат пасош кој истекува по 05.2019 година
  • има просек 9.00 или повисок
  • запишани по прв пат на студии после 2014 година
  • помлади од 30 години на денот на тргнување – 27.Октомври.2018 година
  • да имаат лична препорака (не за група во која учествувал студентот) од професор кој предава ИКТ предмет
  • да имаат уште најмногу 10 испити до дипломирање
  • да испратат мотивациско писмо на англиски јазик
  • да изработи видео до 2 минути во кое ќе се претстави и ги презентира на англиски јазик своите интереси за учество во програмата. Видеото може да го постави на YouTube, Google Drive, DropBox и слично, а линкот да го постави во мотивациското писмо.
  • да зборуваат, читаат и пишуваат англиски јазик (доказ е мотивациското писмо и видеото на англиски јазик)
  • треба да имаат интерес за кинески јазик и позитивен став кон кинеската култура

Секој студент може да аплицира со скениран пасош и скенирано уверение за положени испити каде се дадени бројот на положени испити, просек на добиените оцени и вкупниот број на кредити, а пратени на маил apliciraj@mioa.gov.mk до 16.09.2018 година 23:59 часот со наслов „Huawei Seeds for the Future 2018“. Не комплетните апликации, нема да се разгледуваат.

Сите апликации од студентите ќе бидат разгледувани од комисија составена со претставници од МИОА и Huawei. Комисијата има право да ги повика на интервју само најдобрите кандидати.

Министерство за информатичко општество и администрација

1 коментар на “„Huawei Seeds for the future“ е програма на Министерството за информатичко општество и администрација и Huawei

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии