Huawei претстави 5G паметен телефон кој се преклопува

Денес започна Mobile World Congress 2019 кое традиционално се одржува во Барселона. Веќе ве известивме дека Microsoft го претстави новиот модел на HoloLens – HoloLens 2. На ред е нешто што периодов е актуелно кај производителите на мобилни телефони – паметен телефон на преклоп.

Huawei лансираше повеќе производи, меѓу кои 5G смартфонот на преклоп, Huawei Mate X,  Huawei 5G CPE Pro, првиот производ со Balong 5000 чипсет, како и Huawei MateBook X Pro, лаптопите MateBook 13 и MateBook 14.

Huawei Mate X е името кое го носи 5G паметниот телефон на преклоп.

Паметниот телефон и таблет, Mate X се одликува со флексибилен OLED панел и Falcon Wing Mechanical Hinge. Mate X го има флексибилниот OLED FullView дисплеј на преклопување и го користи внатрешниот Kirin 980 процесор на компанијата и 5G чипсетот Balong 5000. Balong 5000 официјално ја отвора 5G ерата. Huawei вели дека Mate X ќе презема содржини четири пати побрзо од тековната 4G конекција, односно околу 1GB за 3 секунди.

Последниве години Huawei претставува телефони со навистина импресивни камери, па таков е случајот и со Mate X. Овој пат дизајнот на преклоп овозможува системот на камерата да ја игра улогата и на предна и на задна камера.

Батеријата со капацитет од 4,500mAh е поделена на две батерии, една од двете страни на екранот на преклопување.

Ако мислевте дека паметните телефони имаа високи цени до сега, тогаш треба да знаете дека цената на новиот Huawei Mate X ќе биде 2 299 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии