Huawei P30 и Huawei P30 Pro од денес достапни во Македонија

Двата нови телефони од кинескиот гигант Huawei, P30 и P30 Pro, пристигаат во Македонија од 27 март. Компанијата телефоните ги претстави вчера на настан во Париз.

Она што веднаш се забележува е забецот на горниот дел на телефонот. Станува збор за помала „испакнатина“ во горниот дел на телефонот, но сепак е присутна.

Она што веројатно е најимпресивно кај телефонот е камерата. Телефонот доаѓа со нов систем на Leica Quad Camera; 40MP главна камера со SuperSpectrum сензор. За сликање со ултра широк агол има 20MP сензор; 8MP телефото камера, Huawei камера за длабочина (TOF). Конечно уредот доаѓа со 32MP предна (селфи) камера. Камерата секако доаѓа со вештачка интелигенција која на секој фотограф му помага да ја направи најдобрата фотографија.

Фотографијата секако е најголема предност на новите телефони на Huawei, но и останатиот хардвер е импресивен, иако кога зборуваме за најдобрите телефони на компаниите нема многу големи разлики. Huawei P30 Pro доаѓа со Kirin 90 7 nm процесор дизајн на Huawei; 8 GB RAM; помеѓу 128 GB и 512 GB флеш диск. Екранот е 6,47-инчен со мал заб на врвот, резолуцијата на дисплејот е 2 340 х 1080 пиксели. P30 Pro доаѓа со сосем соодветна 4 200 mAh батерија.

Послабата верзија на уредот P30 доаѓа со: нешто помал екран 6,1-инч; 6 GB RAM; и помала батерија од 3 650 mAh. Телефонот има и три камери без, сензорот за длабочина (TOF) и телеобјектив леќата. Ако не планирате да „пливате“ со телефонот тоа би биле единствените значителни разлики. Сепак за оние другите… P30 доаѓа со џек за слушалки, па веројатно не може да се заштити како поскапиот модел. Pro верзијата доаѓа со IP68 заштита, a обичниот модел IP53.

За жал не е се толку добро и „безболно“. Основната верзија на P30 Pro со 128GB простор чини 1100 евра. P30 доаѓа со 6GB RAM и 128 GB простор за 800 евра.

За купувачите од Македонија кој ќе го купат уредот во првиот месец претставникот има изненадување. Купувачите ќе добијат бесплатен „Premium“ пакет. Ова вклучува 90-дневно осигурување за еднократна и целосно бесплатна замена на оштетениот заден панел или дисплеј како резултат на случајно стискање на телефонот. Цената по која уредите ќе бидат достапни во Македонија е Huawei P30 Pro за 58 000 денари, а Huawei P30 за 45 000 денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии