Huawei Mate 10 е првиот телефон со Kirin 970, процесор за вештачка интелигенција

Дејан Соколоски

во Мобилни

Huawei ги претстави новите Huawei Mate 10 и Huawei Mate 10 Pro телефони. Ова се првите Android 8.0 телефони на производителот и првите телефони кои доаѓаат со Kirin 970 процесор.

Хардвер

Kirin 970 е прилагоден на потребите на вештачката интелигениција. Процесорот е 10-nm и доаѓа со 8-јадрен ARM Cortex процесор, за прв пат се користи и Mali-G72 12 јадрен графички процесор. Сепак, најверојатно поинтересен е Neural Network процесорот, наменет за вештачка интелигенција.

„Влегуваме во ера на интелигенција. Вештачката интелигенција не е виртуелен концепт, туку нешто што го гледаме секојдневно. Вештачката интелигенција го подобрува искуството на корисниците, овозможува важни сервиси и ги подобрува преформанските на уредот“, вели Ричард Ху од Huawei.

Mate 10 доаѓа со 5.9-инчен 2560 x 1440 16:9 LCD дисплеј, а Mate 10 Pro со 6-инчен 2160 x 1080 со 2:1 (18:9) OLED дисплеј. Двата телефони имаат малa разлика однадвор, а хардверот е и потежок за разликување. Телефонот доаѓа со: 4GB RAM; батерија со капацитет 4.000 mAh; 64GB простор; дуал камера со f/1.6 леќа. Примарната камера е со 20-мегапиксели монохроматски сензор и 12-мегапиксели сензор во боја. Pro верзијата има и верзија со 6 GB RAM и 128 GB флеш-диск.

Оперативен систем

Телефонот доаѓа со EMUI 8.0 од Huawei, над Android 8.0. Дел од фунцкионалностите доаѓаат благодарение на Kirin 970. Пример, вештачката интелигенција овозможува подобар и поточен интерактивен превод.

Додатоци

Заедно со телефонот компанијата претстави 3 додатоци. EnVizion 360 камера, SuperCharge Power Bank и паметна вага. Камерата овозможува фотографирање на 360º слики или видео. Резолуцијата на фотографиите е 5К, а на видеото 2К. SuperCharge е преносна батерија која овозможува полнење на батеријата на телефонот. Паметната вага пак, е додаток кој овозможува фитнес анализа.

HUAWEI Mate 10 доаѓа на крајот на овој месец и ќе чини 700 евра. HUAWEI Mate 10 Pro и Porsche Design HUAWEI Mate 10 излегуваат од средината на ноември и ќе чинат 800, односно 1.400 евра. Македонија не е на листата држави во кои телефонот ќе биде достапен на почетокот на продажбата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии