Huawei ќе го преполови производството на телефони во 2021

Дејан Соколоски

во Свет

Huawei им најави на своите партнери дека оваа година потребата од компоненти за паметни телефони ќе биде 60 отсто помала. Компанијата оваа година ќе купи доволно компоненти за производство на 80 милиони паметни телефони. Минатата година испорачаа 189 милиони паметни телефони, пренесе Nikkei.

Санкциите на САД, но и самото презаситување на пазарот, се главни причини за намалувањето на производството на паметни телефони на Huawei. Санкциите на САД се дури и поголем проблем. Компанијата поради недостаток на компоненти нема да испорача ниту еден 5G телефон. Претходно беа пред конкурентите и испорачаа 5G телефони, V40 5G започна со продажба во Кина минатиот месец. За жал недостигот од 5G компоненти ќе ја забави следната генерација на 5G модели.

Она што е загрижувачки за компанијата е дека и покрај промената во САД и новиот претседател ќе ја продолжи политиката на Трамп. Кандидатката за Државна секретарка за трговија потврди дека нема да има отстранување на компаниите осомничени за нарушување на националната безбедност на САД од црната листа.

Како последица на санкциите, намалената продажба придонесе Huawei да го загуби второто место на листата најпродавани телефони и повторно да се најде зад Apple.

Дел од експертите предвидуваат дека Huawei би можел дури и да го продаде одделот за мобилна телефонија и да се фокусира на останатите сектори. Сепак претставник на Huawei го демантираше ова додавајќи дека Huawei никогаш нема да тргне по тој пат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии