Huawei би можел да добие казна поради прекршување на GDPR

Дејан Соколоски

во Вести

Huawei може да биде првиот производител на паметни телефони и телекомуникациски уреди кој ќе биде казнет поради непочитувањето на GDPR.

Проблемот за компанијата започнува со менаџер на Huawei кои работел како претставник за Европа во Диселдорф. Поранешниот претставник, најпрво ги побарал од Huawei податоците кои компанијата ги чува за него, а откако компанијата не одговорила на ова барање истото го побарал по судски пат. На 5 март судот одлучил дека со неодговарањето на барањето Huawei го прекршува Европскиот закон за приватност, пишува Politico.

Тужителот во овој случај побарал да остане анонимен, иако станува збор за повозрасен вработен кој бил на менаџерска позиција во компанијата.

Одговорот кој го добил е дека податоците кои ги побарал не можел да ги добие бидејќи се избришани. Сепак судот одлучи дека компанијата мора со корисникот да сподели податоци за категориите на податоци кои ги чува, како и начинот на кој ги употребуваат овие податоци.

Huawei на својата веб страница тврди дека ги почитува сите правила и закони вклучувајќи го и GDPR. Компанијата не изнесува лични податоци на корисниците надвор од Европа, а ако го прави тоа тогаш ги изнесува овие податоци исклучиво според правилата. Еден од проблемите е што не постои начин на кој овие податоци легално би биле префрлени во Кина со оглед на тоа дека Европската Унија и Кина немаат договор за трансфер на податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии