Httpool ќе биде партнер за Twitter Ads во Македонија

Twitter Ads пристигнуваат во регионот. Откако беше официјално најавено дека рекламите ќе бидат достапни во уште 12 земји, меѓу кои и Македонија, Србија и Хрватска, сега е објавено дека партнер на Twitter за продажба на реклами ќе биде маркетинг агенцијата Httpool. Агенцијата ќе биде задолжена да им понуди посветен тим на локалните бизниси да пласираат реклами на Twitter, или „промовирани твитови“, како што се нарекуваат.

„Kомпаниите од Централна и од Источна Европа веќе го користат Twitter за да ги чујат мислењата на нивните потрошувачи и да се рекламираат органски и токму затоа сме возбудени дека сега, преку партнерството со Httpool, можеме да помогнеме преку огласување на Twitter својот труд да го зајакнат и да го подобрат““, вели Кејти Лемп, одговорна за продажба во Европа, Блискиот Исток и во Африка.

Бизнисите од регионот, и секако од Македонија, ќе можат да ги користат неколкуте форми за рекламирање на Twitter како promoted tweets, promoted accounts и promoted trends за промовирање на популарните теми преку #хаш-тагови.  Бизнисите ќе имаат и пристап до Tweet Activity Dashboard за анализа на кампањите и рекламите, каде можат да ги видат интеракциите со твитерџиите.

„Twitter е уникатен поради својата јавна природа, која функционира во реално време. Ова го прави одличен за оние што сакаат да бидат во тек со сè она за кое се заинтересирани. Брендовите во Централна и во Источна Европа сега имаат уште подобар начин да се поврзат со постојните и потенцијалните потрошувачи околу овие интереси, со вистинската порака во вистинскиот момент“, вели основачот на Httpool, Аљоша Јенко.

[youtube]lwhs9-lhsc0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии