HTC во партнерство со DropBox

Мартин Јовчески

во Веб, Мобилни

Тајванската компанија за паметни телефони HTC најави партнерство со DropBox со цел на нивните уреди да добијат опција за складирање содржина. Целта на овој договор помеѓу HTC и DropBox е да се конкурира на веќе постоечките сервиси iCloud на Apple, и SkyDive на Microsoft.

Со овој договор, корисниците на HTC паметните телефони ќе добијат 2GB слободен простор, додека оние кои ќе ги купат најновите HTC модели, вклучувајќи ги HTC Rhyme и HTC Sensation XE, и веднаш се конектираат на DropBox ќе добијат доболнителни 3GB бесплатен простор на своите уреди. Оваа опција наскоро ќе биде достапна и за сите HTC паметни телефони кои имаат Sense 3.5. Со оваа услуга, корисниците ќе можат да зачувуваат документи и фотографии на нивните паметни телефони и ќе можат автоматски да ги поврзат со своите персонални компјутери или со било кој друг уред на кој може да се користи DropBox.

Не се знае дали оваа опција ќе биде достапна и за оние HTC паметни телефони кои го користат оперативниот систем Windows Phone, бидејќи Microsoft на својот сервис Skydrive нуди многу поголем простор за складирање содржина, поточно 25GB.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии