HTC Vive е нов сет за виртуелна реалност

HTC во соработка со Valve го најави својот прв сет за виртуелна реланост, HTC Vive. Сетот доаѓа со поддршка од SteamVR, безжичен контролер и технологија за следење додека корисникот ја истражува виртелната реалност во својата соба. Заедно со сетот, беше откриена и соработката помеѓу HTC и Valve кои го користат Steam VR, што, според тајванскиот производител, ќе ви каже дека „ќе има куп игри кои ќе бидат подготвени набрзо преку Steam“.

Според првите најави, Vive овозможува видео од 90 fps, резолуција од 1200×1080 и можност за користење на слушалки кои не доаѓаат со уредот. Уредот доаѓа и со 70 сензори, помеѓу кои жироскоп, акцелерометар и сензор за ласерско лоцирање. Во соработка со Valve е интегрирана технологија која овозможува разгледување на предметите од различен агол, за ова е потребна Steam VR станица.

Vive ќе биде директен конкурент на Oculus Rift и Sony Morpheus VR, иако соработката со Valve им дава предност на HTC. Дополнително конкуренти ќе бидат и HoloLens и Magic Leap, кои барем за сега се далеку од претставување на готов модел. Слично како и останатите компании и HTC се обидува да пронајде модел со кој ќе го извадат својот сет за виртуелна реалност надвор од гејминг секторот, за сега компанијата најави соработки со Google, HBO и студиото Lionsgate кои работат на креирање на содржини за Vive. Заедно со HTC Vive компанијата ги претстави HTC One M9 и HTC Grip – GPS фитнес алка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии