HTC со телефон за блокчејн ентузијасти

HTC го претстави новиот телефон HTC Exodus. Овој пат телефонот е фокусиран на помала група блокчејн ентузијасти.

Првично фокусот е на криптовалути, но самата технологија која е искористена ќе овозможи користење на децентрализирани апликации, вели Next Web.

Телефонот доаѓа со универзален паричник и поголема безбедност за крипто валутите. Идејата е да се креира мрежа за размена, односно тргување со крипто валути помеѓу сите сопственици на Exodus телефони. Ова е одлична идеја и може да го направи телефонот навистина интересен за сите крипто ентузијасти. Секако корисноста на платформата за тргување ќе зависи од бројот на трговци на платформата. Така, ако дојдат поголем дел од трговците со крипто валути берзата може да биде хит.

„Возбудени сме бидејќи со Exodus поддржуваме протоколи како Bitcoin, Lightning Networks, Ethereum, Dfinity. Сакаме да го поддржиме целиот блокчејн екосистем и во месеците кои доаѓаат ќе објавиме многу интересни партнерства“, вели Фил Чен кој освен за криптовалути и блокчејн, е одговорен и за HTC Vive.

HTC размислува и да дозволи купување на телефонот со криптовалута, но цената засега е непозната.

Ова е еден од ретките интересни проекти на HTC по навистина подолг период, кога телефониите се во прашање. Претходната поголема вест од компанијата дојде со продажбата на дел од мобилната дивизија на HTC во Google. Тоа најверојатно е тимот кој работешене на Pixel телефоните, па можеби вистинското прашање е дали компанијата може да преживее без најверојатно најиновативниот тим.

Компанијата загуби наголем дел од корисниците кои ги доби на почетокот на бумот на паметни телефони. Сега компанијата главно преживува продавајќи непрепознатливи телефони. Ова не беше случај во минатото кога компанијта беше иновативен лидер на ова поле.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии