HTC претстави два Windows Phone 7 Mango уреди, Titan и Radar

IT.mk редакција

во Мобилни

Тајванскиот производител на мобилни телефони, HTC, го претстави Titan и Radar, два нови уреди кои ќе работат на Windows Phone 7 Mango.

HTC го претставува Titan како „најголемиот Windows телефон“ кој има 4,7-инчен WVGA екран (11,9 cm) со 800 x 480 пиксели резолуција со димензии 130 x 70 x 9 mm. Тitan има 1,5 Ghz Snapdragon процесор со едно јадро, 512 MB RAM и 16 GM простор, и 8 мегапикселаи камера со поддршка за 720p HD видео.

Radar е доста помал телефон, според димензиите, со 3,8 инчен (9,7 cm) екран, и работи на 1 GHz Snapdragоn процесор, има 512 MB RAM и 8 GB простор, како и 5 мегапиксели камера.

Двата уреда ќе работат на Windows Phone 7 Mangо, и ќе имаат пристап до xBox, Zune и другите сервиси на Microsoft, а се претпоставува дека уредите ќе бидат и со Skype интеграција.

Уредите ќе се појават првин во продавниците ширум Европа. Цената сé уште е непозната, но како и со сите нови паметни телефони, може да се очекува да биде меѓу 20-30.000 денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии