HTC One Mini ќе се продава од август

HTC ги објави спецификациите на мини верзијата на својот „flaghship“ уред HTC One. Mini верзијата пристигнува во август, а според цената треба да биде две категории пониско од својот поголем брат. Прв детал што најлесно се забележува е дека на HTC изгледа не им е доволно јасно значењето на Мini, па телефонот е само еден сантиметар помал од HTC One, односно 4,3-инчи во споредба со 4,7-инчи. Квалитетот на изработката е на исто ниво како претходникот, тврди HTC. Ова се добри вести со оглед на тоа дека HTC One беше навистина повален за дизајнот. Променет е дисплејот на телефонот кој сега е Super LCD со 720р резолуција и 341 ppi.

Сепак тајванската компанија изврши промена на дел од хардверот, па Mini доаѓа со двојадрен 1,4 GHz Snapdragon 400 процесор, и има двојно помалку меморија од 1 GB RAM. Слободниот простор на телефонот е 16 GB и, за жал, нема можност за проширување. Испуштени се и NFC и стабилизацијата при фотографирање. Капацитетот на батеријата е 1800Ah. HTC One mini сепак по една работа ќе биде подобар од својот „постар брат“. Телефонот ќе доаѓа со Android 4.2.2 за разлика од HTC One кој на најголем дел од операторите сè уште е со Android 4.1.

Вообичаено телефонот најпрво ќе излезе во САД и во клучните пазари во Европа, како Германија и Велика Британија. Цената ќе биде околу 100 долари, најверојатно со договор, велат извори на Gizmodo.

HTC One Mini Hands On from Gizmodo on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии