HTC наскоро ќе претстави паметен часовник и паметни алки

Тајванскиот HTC планира да го претстави својот прв паметен часовник на Mobile World Congress во Барселона кој започнува следната недела. Часовникот ќе биде прв од три паметни уреди кои ќе бидат поврзани со телефоните преку Bluetooth. Според Bloomberg, паметниот часовник на HTC ќе биде базиран на Qualcomm Toq паметниот часовник кој се продава за околу 350 долари.

HTC планира да ги претрка конкурентите кои објавија свој паметен часовник како Samsung Galaxy Gear, и тие што го најавуваат, Apple и Google, со претставување на уште два паметни уреди. Најверојатно тие ќе бидат паметни алки кои ќе функционираат исто како паметните часовници – ќе се поврзуваат со телефонот за да добиваат нотификации, ќе имаат фитнес апликации и музички плеер. Но, најверојатно нема да се користат за правење телефонски повици. Барем не во првите верзии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии