HTC и Beats Electronics го прекинаа партнерството

HTC ги продаде последните акции кои ги имаше во Beats Electronics на Др. Дре, само две години откако купи 51 отсто од аудио компанијата за 265 милиони долари. Популарната технологија на Beats беше додадена во HTC телефоните, но не успеа да го спречи падот на тајванскиот мобилен гигант кој наиде на сериозна конкуренција oд Samsung.

Се чини дека прекинувањето на партнерството доаѓа по притисок на инвеститорите кои не се задоволни од негативни приходи на HTC, ниту од помалите продажби и помалите профити. Пофалениот HTC One во моментов не успева да ги спречи падот на HTC. Со продажбата на Beats, пишува Bloomberg, компанијата ќе заработи 265 милиони долари за да го подобри оперативниот кеш.

За Beats Electronics, ова ќе биде излез од лошата ситуација (има извештаи дека компаниите не се согласувале со стратегијата), и нова шанса да најдат друг партнер кој ќе им ја промовира аудио технологијата. Според Wall Streat Journal, Beats цели својот аудио систем да го интегрира во автомобилите и лаптоп компјутерите, но и да стартуваат музички стриминг сервис за да им конкурира на Spotify и Rdo. Веќе имаше извештаи за преговори со Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии