HTC го претстави новиот One

При претставувањето на својот нов паметен телефон, HTC рече дека „повторно го измисливме“ мобилното искуство. Штета што заборавија да одберат ново име за својот нов телефон. Да нема забуна, новиот HTC One не е One X, ниту One V, ниту One S кои се веќе неколку месеци достапни и во Македонија, туку е „the New HTC One“, ребрендиран модел кој има 4,7-инчен 1080p дисплеј, 1,7 GHz Snapdragon 600 процесор со четири јадра, UltraPixel камера, простор од 32 или 64 GB, но без microSD поддршка, и Android 4.1 со Sense 5.

Како што може да се види од сликите, дизајнот на HTC One е прекрасен со алуминиумско тело. LCD 3 екранот е заштитен со Gorilla Glas 2, и е доволно голем без да забега во пределот на 5-инчните фаблети, но да остане меѓу конкуренцијата, пред се, Galaxy S3.

The One, кој ќе биде достапен во Македонија после март, ќе треба да го направи HTC повторно актуелен помеѓу корисниците. Затоа уредот е преполн со функционалности и подобрувања, како BoomSound со двојни стерео звучници, предна камера од 2,1 мегапиксели и Utrapixel камера која привлекува 200 отсто повеќе светлина со можност за снимање на 1080p видео на 60 фрејма во секунда. Централно на искуството со новиот Sense 5 интерфејс е HTC BlinkFeed виџетот на почетниот екран преку кој ќе се прикажуваат во реално време информации, статуси од друштвените мрежи и фотографии. Дури има вградена опција Zoe за снимање кратки видеа и нивно брзо споделување на друштвените мрежи.

Сите овие функционалности, заедно со хардверските перформанси и најновиот Android го прави HTC Оne еден од поинтересните телефони на пазарот. Но, HTC ќе наиде на посериозна конкуренција во март кога ќе биде објавен Samsung Galaxy S4, кој се очекува да биде кралот на Android телефоните. За HTC успехот ќе зависи од цената на One која се движи од 200 до 300 долари зависно од договорот со операторите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии