HTC First е првиот телефон со Facebook Home наменет за зависниците од друштвената мрежа

HTC и Facebook го претставија HTC First, првиот телефон со Facebook Home. Според спецификациите телефонот е во средна класа на паметни телефони, но тоа што треба да го го одвои од останатите телефони е токму ексклузивниот Facebook Home. Оваа нова апликација која го претвара вашиот Android во Facebook телефонот е достапен само за мал број на најнови телефони. Ако сакате Facebook Home и имате постар модел, тогаш… купете нов телефон. За жал „апликацијата“ премногу го оптоварува телефонот и мал е бројот на телефони кои ќе можат да ја подржат HTC One X, HTC One X+, Samsung Galaxy S3 и Note II. Од следната генерација се новиот HTC One и Samsung Galaxy S4, пишува Gizmodo.

Но, тука е HTC First кој ќе биде поефтин од другите. Телефонот доаѓа со 4.3-инчен 720р дисплеј, 1.4 GHz Qualcomm Snapdragon 400 процесорm 16 GB RAM и 16 GB простор. Оперативниот систем Facebook Home е изграден над Android 4.1 Jelly Bean. Телефонот доаѓа со 2000 mAh – батерија која по се изгледа нема да може да се промени, но според најавата ќе трае 14,3 часа во разговор или 18,2 дена стендбај. Очигледно е дека телефонот нема да им се допадне на Android ентузијастите, но целна група на HTC пред се треба да бидат зависниците од друштвена мрежа. Цената на телефонот е прифатлива (барем во САД), и чини околу 100 долари.

Целиот оперативен систем е втемелен на интеракцијата на корисниците со Facebook, а најголем дел е наменет за корисниците кој најмногу го користат четот. На екранот на телефонот ќе се менуваат фотографии од вашите пријатели, промени на статуси и Facebook стории, а зад нив секогаш ќе стои „cover“-фотографијата на пријателот кој споделува веста. Интеракцијата со статусите или фотографиите е со двоен клик било каде на екранот за „like“ или клик за коментар.

1 коментар на “HTC First е првиот телефон со Facebook Home наменет за зависниците од друштвената мрежа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии