Хрватско-македонскиот стартап u:Plug доби 25.000 eвра инвестиција од Eleven

Стартуван пред само три месеци, u:Plug сега е блиску да го продава својот уред кој ќе го редефинира домашниот штекер. Стартапот, основан од Иван Јелушиќ, Даниел Рупиќ и Митко Цабевски, доби 25.000 евра инвестиција од бугарскиот акселератор Eleven, oткако помина неколку дена во Софија каде со помош на ментори го развиваа бизнис планот. Тоа што е важно за u:Plug сега, е што сè уште се во трка за дополнителни 75.000 евра доколку успеат да ги импресионираат инвеститорите во следниот месец.

Планот е, објаснува Иван Јелушиќ за Dnevnik.hr, во следните три месеци да го префрлат стартапот во Хрватска каде ќе продолжат да го развиваат. Тие веќе имаат готов, интересен продукт, но останува да се фокусираат на бизнис планот и како да го продаваат редефинираниот штекер. Најавата е да го пуштат во продажба уште од следниот месец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии