Хрватскиот стартап за бременост Bellabeat доби нова инвестиција од 3 милиони долари

Хрватскиот стартап Bellabeat доби дополнителна инвестиција од 3 милиони долари. Со ова стартапот во првата фаза на прибирање на средства стигна до 4,5 милиони долари инвестиции, јави Netokracija.

Bellabeat е стартап за организирање на бременоста кој веќе неколку производи. Првиот со кој се пробија на пазарот овозможува следење на работата на срцето на неродените бебиња. Компанијата сега има три нови производи Leaf, Shell и Balance, кои се во фаза на претпродажба. Leaf е привезок кој овозможува следење на активностите, спиењето и нивото на стрес на корисничката; Shell овозможува следење на бременоста и нероденото бебе, а Balance е вага која се поврзува со мобилна апликација.

Инвеститори во Bellabeat се Рон Конвеј, Мајкл Арингтон, Николас Бергруен, Џастин Кан, основачот на Twitch, но и актерката Џесика Алба. последната инвестиција од 3 милиони долари доаѓа од GGV Capital. Компанијата ќе се претстави на следниот CES 2015 кој се одржува на почетокот на годината, овојпат од 6-ти до 9-ти јануари.

[youtube]8G6t5o8nzzQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии