Хрватскиот стартап Rimac Automobili ќе ја креира батеријата за новиот Aston Martin

Хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac, има договор со британскиот производител Aston Martin. Стартапот ќе ја изработи батеријата за новиот хибриден Aston Martin AM-RB 001, јави Netokracija.

Веста засега не е официјалнo објавена од Rimac, бидејќи хрватските партнери чекаат Aston Martin да излезе со официјално соопштение.

„Светот ги препознава како лидери во производство на батерии со високи перформанси. Хрватската компанија ги покажа можностите со Concept One, првото и најбрзото електрично хипер-возило.“, пишува Aston Martin.

Луксузното возило на кое соработуваат двете компании ќе забрзува од 0 до 320 km/h за 10 секунди. Ќе бидат произведени единствено 150 возила. Дел од возилата 25 се изработуваат за трки, а останатите одат во продажба. Цената на Aston Martin AM-RB 001 е 3 милиони долари.

1 коментар на “Хрватскиот стартап Rimac Automobili ќе ја креира батеријата за новиот Aston Martin

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии