Хрватскиот стартап BodyRecog e еден од најиновативните нови спортски стартапи

Image courtesy of BodyRecog

Стартапот BodyRecog кој доаѓа од Хрватска е дел од натпреварот во кој се доделува наградата за најновативен спортски стартап, HYPE.

Компанијата веќе е дел од 50-те најиновативни спортски настапи, вели Netokracija. Стартапот е една од компаниите кои својата технологија ја развиваат, пред се благодарение на напредокот на паметните телефони и нивната камера.

Технологијата на компанијата овозможува преку камерата на телефонот да се оцени просечната здравствена состојба на корисникот. Своето деби компанијата го имаше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, 2016 година.

Начинот на функционирање и не е премногу сложен. Најпрво корисникот се фотографира. Потоа фотографиите се анализираат со алгоритми и се креира 3Д модел на телото. Врз основа на ова, се креираат персонализирани вежби и исхрана.

HYPE на изборот за најиновативен спортски стартап соработува со ASICS, Google, Microsoft и Sky Sports.