Хрватскиот стартап Bellabeat доби 65.000 нарачки од американските гиганти BestBuy и Target

Bellabeat, хрватскиот стартап кој работи со апликации за бременост, имаше успешен настап на CES 2015 во Лас Вегас, пренесува Netokracija. Стартапот кој веќе има добиено неколку милиони долари инвестиција за развој на своите продукти, сега успеа да се договори со американските продавници BestBuy и Target.

Bellabeat на CES ги претстави своите уникатни паметни уреди како нараквицата Leaf која го следи спиењето и стресот на мајката; уредот Shell кој го следи развојот на бременоста и вагата Balance. Според Netokracija, американските проданици нарачале 65.000 производи кои ќе треба да бидат доставени на средина на пролетта. Дополнително, Bellabeat го отвори своето API за други апликации со што може да се освојат дополнителни пазари, зависно нели од какви апликации ќе бидат изработени.

[youtube]KYJ6b40HLDk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии