Хрватскиот стартап Agrivi сега е достапен и за македонските земјоделци

Земјоделството може да биде далеку попродуктивно ако се искористат купот податоци кои помагаат во производството, вели Agrivi, хрватски стартап за кој отсега е достапен и за македонските земјоделци. Аgrivi е платформа која нуди аналитики за да ја зголеми продуктивноста и заработувачката од одгледувањето на 60 продукти.

Покрај поставување на аларми во случај на промена на време или појава на штетници, Agrivi ги анализира податоците кои фармерот ги внесува како големина на поле, што е засадено и кога итн, и предлага најдобри практики за одржување, пример, најдобро време за наводнување или заѓубрување. Платформата нуди помош при производство од сите аспекти, дури и менаџирање на механизацијата и персоналот, чување на документација, колаборација и водење грижа за заработувачката.

Тоа што може да биде проблем е што стартапот за жал нема поддршка за македонски јазик, па македонските земјоделци ќе треба да го користат српскиот јазик или некој друг понуден јазик за да ги разберат податоците. Agrivi e достапна и како мобилна апликација за Android и iOS, и иако има бесплатна верзија за едно поле, таа верзија сепак е со ограничувања.

[youtube]v8pxLegKwrw[/youtube]

2 коментари на “Хрватскиот стартап Agrivi сега е достапен и за македонските земјоделци

  1. A priori претпоставка дека македонските фармери не знаат англиски (ама имаат смартфон.) Интересно. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии