Хрватскиот развивач на видеоигри “Croteam” со три нови VR наслови

Студиото на хрватскиот развивач на видеоигри “Croteam” од Загреб е име познато на сите кои ја играле Serious Sаm. Станува збор за едноставен шутер во кој играчот треба да ги „убие“ сите непријатели кои доаѓаат по него.

Минатата година компанијата најави дека Сем ќе продолжи да се справува со непријателите и во виртуелна реалност во Serious Sam VR: The Last Hope. Ова беше пријатно изненадување за љубителите на серијалот, но најавата за три нови наслови сигурно ќе ги израдува уште повеќе.

Во декемви на Steam се појави и обработката на првата Serious Sаm за виртуелна реалност The First Encounter. Сега Croteam најавува дека работи на VR верзија и за втората и третата игра од серијалот. Дополнително во виртуелната реалност ќе пристигне и Talos Principle.

Croteam работи и на апдејт за Serious Sam VR: The Last Hope. Наскоро за играта треба да биде претставена нова планета иако, засега е во фаза на тестирање. Ова не е сè, па хрватските девелопери работат и на нов наслов Serious Sam 4.

Image: Steam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии