Хрватскиот Pet Minuta ќе добие милион долари за соработка со Rhapsody

Хрватскиот стартап, Pet Minuta кој е во 50 најбрзорастечки компании во Централна Европа, ќе развива мобилни апликации за Napster/Rhapsody. За соработката Pet Minuta ќе заработи милион долари во првата година, а најголем дел од овие пари ќе бидат вложени за развој и вработување на нови инженери. Компанијата планира во 2014 година во својот развоен тим да додаде уште десет програмери специјално за соработката со Rhapsody, велат извори за Netokracija.

„Како секогаш ќе биде предизвик, да успееме да се наметнеме со предлози и да инсистираме на добар дизајн и квалитет. Мобилните апликации се посебно чувствителни на корисничкото искуство и ако тука успееме да направиме квалитетн производ тогаш ќе усепееме. Rhapsody има голем број на корисници, инвестицијата е долгорочна, па поради ова сме оптимисти.“ вели коосновачот на PetMinuta, Виктор Марохниќ.

Rhapsody е еден од најпопуларните сервиси за слушање музика онлајн и првиот сервис кој овозможи слушање на музика преку интернет. Oд ноември 2011 година Rhapsody е сопственик на култниот Napster, уште еден сервис кој споделува музика на интернет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии