Хрватскиот MeshPoint e најдобрата хуманитарна технологија на Europas 2016

Хрватскиот стартап MeshPoint е прогласен за „Најдобра хуманитарна технологија на годината“ на популарните европски стартап награди Europas 2016.

MeshPoint се прослави пред една година кога нивните волонтери одеа на локации низ Хрватска по рутите по кои се движеа сириските бегалци. Волoнтерите носеа ранци на кои имаше Wi-Fi станица направена со 3Д испринтани делови, преку која им овозможија на илјадници бегалци да се поврзат со своите најблиски. Компанијата е дел од хуманитарниот проект Otvorena Mreza кој го привлече вниманието на светските медиуми.

„Во секоја кризна ситуација комуникацијата им помага на хуманитарните организации подобро да се организираат, побрзо да делуваат, поефикасно да се справат со катастрофите и да спасат животи. Ефикасен комуникациски систем и брза и стабилна интернет врска можат да им помогнат и на хуманитарните организации и на луѓето на кои им е потребен пристап до податоците. Ова овозможува поголема доверба во функционирањето на напорите за спасување и истовремено го намалува стресот поради неинформираност“, вели компанијата во пост на Medium.

11951373_926456987426562_2872810202875059990_n

Мобилниот Wi-Fi ранец за кој ја добија наградата е дело на Валентин Турковиќ, Срѓан Ковачевиќ, Влатко Матијевиќ, Милица Радишиќ Милосављевиќ и Векослав Радиќ. Уредот е со отворен код, достапен за сите и е составен од делови кои може да ги собере во еден ранец. 3Д плановите за принтање на деловите се достапни, но постојат и готови уреди кои можат да се купат продажба.

Освен оскарот за хуманост, MeshPoint е добитник и на награда од Организацијата за економска соработка и развој, потсети Super Founders. The Europas наградите се доделуваат од 2009 година, а нивен основач е Мајк Бучер, уредникот на TechCrunch.

1--TEteoQppH3m4kWdJdSCdQ

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии