Хрватскиот Kafanabot е вешатчка интелигенција која креира кафански хитови

Вештачката интелигенција не е нешто што се случува далеку, туку има влијание врз сите. Ова сакаше да го покаже тимот од Drap, кој го креираше Kafanabot. Кафанските песни се одбрани за да се прикаже локалниот карактер.

Ботот со помош на вештачка интелигенција овозможува креирање на кафански песни. Корисникот единствено го внесува насловот и притиска на „Ожежи“. Понатаму стиховите може да се менуваат независно еден од друг.

„Кафанабот иницијално е развиен како вежба на предавањата за длабоко учење вo HUB385 Academy кои ги организизираше Drap, преку платформата WeCliqued, целта му е (освен по некоја солза кога ќе ве погоди песна), популаризација на длабокото и машинско учење, односно системи кои сами можат да учат и напредуваат врз основа на претходни искуства“, вели Netokracija.

Технологијата е тренирана со 30 MB кафански песни. Генерирањето на самите песни е сложен процес базиран на  рекурзивна невронска мрежа. Креирањето на поврзан текст не е едноставно, па и понекогаш стиховите се неповрзани.

„Генерирањето на поезија, па дури кафанска е проблематично за компјутерите и е добар показател за напредокот на технологијата. Овој бот е релативно едноставен, но има можност за учење и со време ќе биде подобар. Идејата е да го надградиме со моќни модели на невронски мрежи, но и со дополнителни податоци кои ќе ги добиеме од генерираните стихови на корисниците. Секој пат кога корисникот со клик одбира промена на стих, се користи како дополнителен тренинг за подобар квалитет на стиховите“, вели Давор Руње од Drap.

Изворниот код на Kafanabot е достапен на Github.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии