badaSports е апликација за споделување и следење на спортски активности со помош на вградениот GPS во мобилниот телефон. Апликацијата служи за трчање, возење ролерки, велосипед и скејтборд, скијање, сноуборд и други спортови, и овозможува следење на сите аспекти од спортски активности како: моментална, просечна и максимална брзина, помината оддалеченост користејќи мапа, моментално и просечно темпо, надморска височина и други детали кои можат да се споделат на bada-sports.com, каде може да се направи подетална анализа, графикони и да се постираат тие информации на Facebook и Twitter.
Infinum е хрватска компанија која изработува мобилни и веб апликации. Infinum освои и 2-ро место на неодамнешниот хрватски Vip Аndroid натпревар со својата Slušaj Radio! апликација.