Хрватскиот Colomb.io ги поврзува новинарите со публиката

Colomb.io е хрватски стартап кој преку Android и iOS апликации ги поврзува новинарите и публиката. Апликацијата овозможува новинарите да креираат содржини со помош на „краудсорсинг“ на информации од публиката, или барем да понуди можност за известување од прва рака од присутните на местото на настанот. Colomb.io е и геолокациска алатка која им овозможува на медиумите да побараат текстови, фотографии или видео од новинари кои се во близина на настаните.

Дополнително апликацијата овозможува и исплата, но и понуда за награди на креаторите на содржина, а новинарите истовремено имаат пристап до поголема публика, а токму публиката ќе биде најдобро информираниот репортер на медиумот. Исплатата е директно во апликацијата, а парите можат да се подигнат преку PayPal. Стартапот влезе помеѓу дванаесетте финалисти во кои бугарскиот акселератор Eleven ќе инвестира 25.000 евра.

Colomb.io – Mobile reporting app from Colomb.io on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии