Хрватски волонтери им помагаат на бегалците со бесплатен WiFi

Хрватски волонтери, дел од проектот „Отворена мрежа“ им помагаат на бегалците на уникатен начин. Волонтерите со мобилен хотспот на грбот им овозможуваат на бегалците да дојдат до информации за најблиските, кои понекогаш се поважни и од храната и водата.

„Најголем дел од бегалците не слушнале за својата фамилија со денови. Не знаат каде се… Кога сме на терен, најчесто толку многу луѓе не забиколуваат, што немаме можност ниту да поразговараме со нив,“ вели основачот на „Отворена мрежа“, Валент Турковиќ за Mashable.

Бегалците најчесто користат апликации за пораки, како WhatsApp за комуникација. Ги користат и за да се информаат каква е состојбата на границите, но најмногу ги користат за да се информираат за најблиските. Во моментов за жал се чини дека насекаде во Европа, главниот товар за згрижување на бегалците е на „грбот“ на волонтерите, додека политичарите се затвораат на бесконечни средби и преговори.

Volonteri Projekt Otvorena mreža potrudili su se izbjeglicama omogućiti besplatan internet. O njima su se raspisali i strani portali, a evo kako to izgleda na terenu:

Posted by HRT Vijesti on Tuesday, 22 September 2015

1 коментар на “Хрватски волонтери им помагаат на бегалците со бесплатен WiFi

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии