Хрватскиот Rimac ќе ги снабдува Automobili Pininfarina со батерии

Хрватскиот производител на електрилни возила Rimac Motors потпиша договор за испорака на батерии со Automobili Pininfarina – компанијата која стои зад дизајните на возила како Ferrari, Alfa Romeo, Peugeot, Fiat, Gm, Lancia и Maserati. Договорот е вреден 80 милиони евра, Rimac освен хардвер ќе обезбеди и експертиза за преносот и батеријата, и софтвер и хардвер за развој на електричното возило PF0.

Со овој договор Rimac станува партнер на компанијата во развој на првиот електричен супер-автомобиl од Pininfarina.

„Возбудени сме од предизвикот. Спојот на вредностите на Rimac – технологијата, иновативноста, преформансите, со наследството, историјата и италијанскиот дизајн на  Automobili Pininfarina е одлична комбинација за возбудлив нов електричен автомобил – PF0. Ова партнерство е голем исчекор за двете компании и со нетрпение очекуваме да ја оживеема оваа неверојатна машинат заедно“, вели Мате Римак.

Ова ќе биде прво вакво возило за Automobili Pininfarina, но Rimac веќе има две електрични „ѕверки“ зад себе. Pininfarina за дизајн и производство на електрични возила креира нова компанија. Седиштето на компаниајта е во Минхен.

Батеријата од Rimac ќе треба да обезбеди возење од околу 480 километри пред да има потреба од полнење.

Rimac e партнер со повеќе компании. Компаниајта има договор за батерии со Aston Martin, а и Porsche има договор, но и удел во Rimac Motors. Rimac има договори и со Koenigsegg, Renault и CUPRA.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии