Хрватскиoт Assemblio најде одлично решение за купување на компјутер со буџет

Assemblio е хрватски сервис кој на своите корисници им овозможува да склопат десктоп компјутер за одреден буџет. Сервисот им овозможува на корисниците паметно да ги инвестираат своите пари, притоа креирајќи го компјутерот од најдобрите компоненти кои се достaпни за сумата што ја предвиделе. Може да се одреди кои перформанси на компјутерот се најважни со неколку прилагодувања, зависно дали се бара компјутер за игри или компјутер за канцеларија. Напредниот избор овозможува избор на производител помеѓу AMD и Intel за процесор или AMD и Nvidia за графичка картичка, како и вклучување на SSD.

Тоа што Assemblio го прави добро е што поставува ограничување на буџетот и ги балансира компонентите. Цените на конфигурациите се помеѓу 2.000 и 25.000 куни, односно од 260 до 3.255 евра, но не може да се потрошат сите пари само на графичка или само на процесор, ако купувате компјутер за работа. Тука ќе биде земена во предвид и RAM меморијата како важна. Сервисот овозможува и порачување на овие компоненти кои ќе му бидат доставени на адресата на корисникот, а потоа самиот треба да го состави компјутерот, откако ќе купи куќиште за кое сервисот одделува процент од средствата, но не дава препорака. Сервисот е наменет пред се за хрватскиот пазар, но можете да ги искористите препораките за хардверските делови, а потоа само да ги претворите цените во денари.

[youtube]FODLW0n03rw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии