Хрватската игра Scum доби огромно надополнување

За успехот на хрватската игра Scum, пишувавме во неколку наврати. По одреден период од напорно работење, студијата Gamepires и Croteam исфрлија содржително надополнување.

Најголемата вест е дозволување да креирате женски лик. Scum привлече одредена контроверзност во уредување на изгледот на ликовите, оди до таа мера да им дозволува на играчите да ја дефинираат и големината на машкиот полов орган. На слични опции ќе наидете и при креирање на женските ликови. Контроверзниот лизнач овојпат се однесува на големината на нивните гради. Gamepires се чини дека се особено горди од ова.

„Како што нашите машки затвореници имаат подесувач за пенисот, така и нашите женски затвореници имаат подесувач за гради. Моментно, сеуште нема опција за тетоважи за нашите дами, но не паничите, затоа што ќе ги имплементираме што е можно побргу, времето не беше на наша страна и моравме да приоритизираме.“, објаснуваат од Gamepires и додаваат дека поврзано со женските „дами“ „има одредени интересни работи кои би сакале вие самите да ги откриете.“  За една од таквите работи се смета приказ на целиот женски модел без какви било цензури.

Втората поголема промена се однесува на градење бази. Градењето база и понатаму продолжува да е во почетна и ограничувачка фаза и им дава на играчите можности за поставување одредени одбрамбени механизми и функционални предмети од едноставна природа. Иако поставувањето е само за во одредени области сепак е почеток во вистински правец и поплочува пат за интересни и исклучително комплексни механизми. Системот со инвентарот е целосно променет и е значително полесен за употреба од играчите и за идни надградби од страна на девелоперите.

Третото надополнување се однесува на новиот систем за мисии за кој беше на удар последниве неколку месеци. Новиот систем конечно допринесува играта да биде поприфатлива од новите играчи затоа што на едноставен начин ги запознава играчите со гејмплеј механиките на Scum.

Како дополнителни бонуси: автомобилите конечно можат да се поправаат, брадите можат да се пуштаат, а безбедносните зони можат да пружаат можности за релаксирачка социјализација без страв од нож во грб.

За крај, таканареченото Maneater надополнување значително ги подобрува перформансите во играта и го прави играњето на послаби конфигурации поприфатливо. Истребени се и бројни проблематични багови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии