Хрватска и Србија добија официјална Google Maps навигација за Android

Отсега ќе можете да побарате помош од вашиот Android телефон за да се снајдете на патиштата во Хрватска и Србија. Google ја прошири оваа функцоналност на Google Maps за дополнителни 25 земји, вклучувајќи ги и двете балкански земји, со наградување на мобилната апликација, пишува Android Police. Навигацијата е достапна во вкупно 99 земји, и може да се користи на Android 1.6 или понова верзија.

Ако патувате во Хрватска или Србија, а од поодамна и Словенија, ќе можете да побарате од Google Maps на Android да ви го покаже патот до конечната дестинација. Во апликацијата се додадени сите главни патишта кои се достапни за turn-by-turn навигација, односно гласовна навигација која ве води по секоја улица. Еве како изгледа навигацијата во Србија, сликата е преземена од Netokracija.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии