Хрватска го постави 100-тиот полнач за електрични автомобили

Хрватска го прослави Денот на планетата Земја со отворање на стотиот полнач за електрични автомобили. Јубилејната станица во Св. Иван Зелин е прва на оваа локација, иако не и во загрепската општина, јави Netokracija.

Објавен е и сајт со локација на сите полначи, со цел да се информираат возачите на електрични автомобили и да се креира мрежа која ќе овозможи непречено возење и полнење, а со тоа ќе ги мотивира возачите да купат електрични возила. Новата станица е дел од регионалната eRoaming платформа во која се вклучени 300 полначи во Хрватска и Словенија. Возилата пријавени на оваа платформа можат да се полнат бесплатно на овие полначи 24 часа во денот.

За споредба, во Македонија пред една година беше поставен првиот електричен полнач.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии