Хронолошките новости на Log.мк

„Првичната идеја за Log.mk произлезе како резултат на истражување кое го изведувавме подолго време за да најдеме начин за побрз пристап до посакувани новости и информации на специфицирани интернет медиуми. Идејата беше проширена со воведување на crawlers и scrapers, за на крај сето тоа да се спои во сервисот Log.mk којшто ќе може да биде користен од сите апарати и сите платформи.“ вели Наташа од HQPeak, компанијата зад Log.мк.

Моментално сервисот е бета верзија на Log.мк на која се додадени портали кои ги посетуваат креаторите на овој сервис, но се отворени за додавање нови извори.

Дополнително Log.mk најави дека ќе има персонализација: корисниците сами ќе си ја дефинираат листата: извори, редослед, период на проверка и слично, архива: преглед на регистрираните новости за избрано време, пребарување: пребарување по клучен збор од содржината и насловот на веста, најпопуларни линкови: системот ќе ги објавува најкликаните линкови од сите корисници…

Повеќе информации ќе најдете на Facebook профилот на Log.mk.

1 коментар на “Хронолошките новости на Log.мк

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии