Спонзориран текст

Христина Бендева: Интерворкс Едукативен Центар ми помогна да стигнам до работата од моите соништа

Христина Бендева е студент на ФИКТ која уште од мали нозе знаела дека сака да изгради кариера поврзана со компјутери. Иако пред некој ден официјално дипломира на смерот компјутерски науки и инженерство, таа сепак се запиша на курсот Основи на компјутерски науки и развивање софтвер за да се усоврши во програмирањето и да стигне полесно до работата од нејзините соништа.

Таа беше една од студентите со најдобри резултати на курсот и со самото завршување на истиот веднаш се вработи во Интерворкс. Она што ја исполнува е можноста да работи во една од најголемите компании во регионот каде ќе добие можност да се усоврши уште повеќе во она што го сака најмногу- програмирањето.

Уписите за курсот се во тек, доколку сакаш да започнеш кариера во ИТ погледни ги сите курсеви тука.

Христина Бендева, студент на ФИКТ

Христина Бендева, студент на ФИКТ

Христина, како дојде до идеја да се запишеш на курсот Основи на компјутерски науки и развивање софтвер?

Уште од мала ме привлекуваше сé што е поврзано со компјутери. Па така одлуката да започнам да студирам на факултет за компјутерски науки беше прилично лесна. А одлуката да стигнам побрзо до работата од моите соништа преку курсот Основи на компјутерски науки и развивање софтвер уште полесна. Знаев дека за краток период ќе совладам многу работи кои ќе ме донесат полесно до работа во некоја ИТ компанија.

Што ти се допадна најмногу на обуката?

На обуката најмногу ми се допадна тоа што се учеа различни технологии од сите гранки и добив јасна слика за сé она што влегува во развивањето на еден проект. Исто така се обрна доста внимание и на меките вештини кои секако се многу значајни на секое работно место денес.

Kој ти беше најголемиот предизвик на курсот и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик ми беше тоа што курсот беше обемен и бараше поголема посветеност за разлика од други курсеви, но откако научив подобро да си го организирам слободното време и се посветив повеќе на учењето, обемноста на курсот не ми претставуваше проблем.

Какви предзнаења сметаш дека треба да има некој што сака да се запише на овој курс?

За да се запише некој на курсот се потребни основни предзнаења од програмирање бидејќи темите кои се учат се обемни, но ако кандидатот вложи сé од себе и се фокусира на тоа не се сомневам дека ќе успее да го заврши курсот и да ја пронајде работата која ќе го исполни.

Што работиш во Интерворкс и како ти се допаѓа работното место?

Во InterWorks работам во интеграции во TIBCO праксата и многу сум задоволна од работното место и колегите, сите се фини и отворени за разговор и секогаш пристапни кога ми треба помош при учењето. Најважно што сум опкружена со експерти од кои можам да научам многу и да бидам уште поголем професионалец.

Каков совет би им дала на сите што размислуваат да започнат кариера во светот на програмирање?

Оваа професија не е лесна меѓутоа ако навистина сакаат да го работат тоа би им препорачала да се упорни и да не се откажуваат колку и да им изгледа тешко.

Доколку сакаш да започниш кариера во ИТ и да ги продлабочиш своите знаења во областа на компјутерските науки погледни ги курсевите кои ги нуди Интерворкс Едукативен центар.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Интерворкс Едукативен Центар. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии