HP претстави 3Д принтер кој печати со метал

Дејан Соколоски

во Хардвер

HP Metal Jet е првиот принтер на HP кој печати со метал. HP го претстави принтерот заедно со неколку компании кои ќе бидат првите кои ќе го користат. Првите принтери ќе се користат во: GKN Powder Metallurgy, Volkswagen и Parmatech, јави Technology Review. Секако технологијата изгледа примамливо, но принтерите чинат околу 400 000  долари.

Начинот на кој работи принтерот е прилично софистициран. За принтање се користи метален прашок и агенс за врзување. Потоа овие производи се загреваат додека не се растопат и не го креираат готовиот дизајн. Со ова ќе се забрза процесот на изработка на метални делови.

За работниците во леарите ова сепак не е така добра вест. Со новите 3Д принтери ќе биде намален потребниот број на луѓе кои работат во погонот. Но, добра вест е за купувачите на металните елементи. Процесот е пофлексибилен и ќе овозможи поевтина изработка и на помали серии на делови изработени од метал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии