HP ја претстави следната генерација на уреди

Дејан Соколоски

во Хардвер

Еден од најпопуларните производители на компјутери, HP, ги претстави своите нови уреди по подолго време. Компанијата претстави куп опрема, од лаптопи до монитори и докови, пренесе Ars Technica.

EliteBook G5 доаѓа во неколку големини и варијатни. Станува збор за лаптопи наменети за специфични корисници. Доаѓаат со повеќе функционалности наменети за бизнис секторот. Читач на картички, гигабитен Ethernet и док за „slim“ верзиите. Дека станува збор за уред кој има за цел специфична група, може да се забележи и од интегрираните Skype for Business копчиња.

Лаптопите се сериозно опремени за Skype разговори. Доаѓа со два микрофони од кој едниот е наменет исклучиво за намалување на позадинскиот шум.

Што се однесува до хадверот, компјутерот доаѓа со 8 генерација на Intel процесор; 1TB SSD; до 32 GB RAM. Дел од компјутерите доаѓаат со графички картички од Radeon, RX 540. За секој лаптоп постои и модел со 3840 х 2160 монитор. Иако основниот модел доаѓа со стандардна 1920 х 1080 резолуција.

Сите лаптопи може да се сервисираат и се отпорни на истурање на течност врз тастатурата. Цената на основните модели на лаптопите од оваа серија е околу 1.050 долари.

Компанијата претстави и неколку 4К монитори со големина од 27, 32 и 43 инчи. Цената на мониторите е помеѓу 560 и 800 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии