HP ги претстави новите Envy и Elite компјутери

Новата серија на Envy и Elite лаптоп компјутери на HP е речиси без никакво изненадување. Повторно станува збор за пристојни машини и цени кои не се превисоки, иако ова е дискутабилно.

Envy 13 и Envy 17 се преносни компјутери, тенки се, и лесни, и тука HP нема потреба ништо да менува. Мала промена е направена во дизајнот. HP ја намали рамката на горниот дел од екранот за околу 30%. Сепак и со ова намалување, рамката околу екранот ќе ви падне во очи.

Што се однесува до процесорите, ова ќе бидат едни од првите лаптопи кои ќе доаѓаат со Ryzen процесор. Сепак ако не сте љубител на AMD, има верзии и со Intel процесори. Екраните се или 1080р или 4К, a пости и можност за лаптоп со GeForce MX150 графичка картичка. Дополнително, за Envy 15 постои можност MX 150 или Vega графичка картичка. Цената на основниот Envy 13 модел е 1.000 долари, а на Envy 17, 1.050 долари.

EliteBook се нешто помоќни лаптопи. EliteBook x360 1030 доаѓа со 13.3-инчен  4К дисплеј, на лаптопот нема дискретна графичка картичка. EliteBook 1050, доаѓа со Nvidia 1050 графичка картичка и можност за избор помеѓу 1080 и 4К 15.6-инчен дисплеј. Компјутерот може да дојде и со шест-јадрен процесор на Intel и до 4 TB SSD. Конечно компанијата го претстави и Elite X2 хибридот. Ова е хибриден уред кој го нуди HP и треба да биде конкурент на Surface. Elite X2 доаѓа со 4 јадрен процесор на Intel, 13-инчен екран кој може да се откачи од тастатурата, но сепак далеку поевтин од Surface на Microsoft.

Цената на овие модели е од 1.450 за EliteBook x360, 1.500 за Elite X2, па сѐ до 1.900 долари за EliteBook 1050. Компјутерите започнуваат со продажба овој месец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии