House of 1000 designers дом на новите идеи

Сите идеи за различен дизајн, кои изгледале осудени на пропаст сега имаат нова можност. House of 1000 designers е место на кои идеите ќе можат полесно да се реализираат.

Креаторите на  платформата сакаат да помогнат да се остварат сите квалитетни идеи. А концептот ќе им помогне на сите локални и регионални дизајнери. Ако ова ви заличува на инкубатор, во право сте. Целта е на едно место да се соберат искусни дизајнери и архитекти и аматери, студенти и ентузијасти.

Зад концептот e македонските производител на мебел, компанијата FEYDOM, а нивен партнер се Reborn.  Дизајнирањето на производи ќе биде поделено во неколку циклуси. Во секој од циклусите ќе има различни конкурси. Во моментов се активни четири проекти за кои дизајнерите можат да аплицираат. Победниците на овие конкурси ќе можат да го доразвијат својот проект заедно со тимот на House of 1000 Designers и да го пласираат на пазарот.

„Откако некоја идеја ќе биде одобрена од стручното жири на HOIOOOD, дизајнерот ќе има прилика да продолжи со развој на својот продукт во Отвореното дизајн студио на FEYDOM, а заедно со внимателно избран тим на експерти. Целиот процес, кој ќе започне со испраќање на добра идеја, ќе премине низ неколку фази и ќе заврши со целосно развиен, брендиран продукт, пласиран на пазарот со соодветна маркетинг стратегија. Најдобро од сè – продуктот останува засекогаш на дизајнерот, тој/таа ја задржуваат интелектуалната сопственост на секој дизајн кој ќе го реализираат“, велат од House of 1000 Designers.

Заинтересираните дизајнери за четирите проекти кои се активни, можат да испратат идејни решенија до 25 јуни. Конкурсот за дизајн на софа е поддржан од FEYDOM, оној за дизајн на стол е поддржан од Махагоди, за дизајн на ламба од ЛИРА и конкурсот за дизајн на работна станица е поддржан од Coyaconeya.

Проектот HOIOOOD е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, ИМЕ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии