Електронските хотелски врати низ целиот свет се подложни на хакерски напади

Безбедносни експерти открија дека милиони електронски брави, од хотели низ целиот свет, се подложни на хакирање.

Безбедносен пропуст овозможува креирање на дигитален калауз што ќе може да се користи за отклучување на сите брави од производите. Експертите работеа со бравите на Vision Software, брави стари 20 години.

Ова последниве неколку години експерите од F-Secure се обидоа да го надминат, во соработка со производителите на бравите, јави BBC. Сепак и покрај опасностите, дел од хотелите не ги надградиле своите системи. Иако бравите се стари, имаат широка примена. Поради ова, компанијата веќе два месеци работи на инсталирање на надградби.

„Vision Software е продукт стар 20 години. Производот е пробиен по 12 години и илјадници часови работа на двајца вработени во F-Secure“, вели портапролката на компаниајта, Аса Аблој.

Секако веќе навикнавме дека се што е електроника е подложно на некаков пропуст, па ова не е никакво изненадување. Можеби поинтересна е приказната од каде е идејата за ова истражување. Истражувачите започнале да истражуваат за безбедноста на електронските брави откако еден нивен колега го загубил лаптопот, без никаков знак дека провалник влегол во собата.