Хорор играта Scorn е најуспешен српски Kickstarter проект досега

Надополнување 30 септември 12:20

Добра вест за сите љубители на хорор игри. Scorn ги собра потребните 150.000 евра за успешно завршување на кампањата. На девет дена пред крајот на кампањата, 4.342 поддржувачи ја поддржаа играта, па Scorn собра 154.175 евра. Некој ден порано сите купувачи можеа го добија демото и можат да видат како ќе изгледа финалната верзија.


 

Видеоиграта Scorn на српското студио EBB Software речиси без сомневање е најамбициозата хорор игра од регионот. Компанијта има партнерство со Humble Bundle, но поради желбата за подобрување на некои аспекти беа потребни повеќе средства, па за таа цел започнаа Kickstarter кампања. Досега над 3.500 поддржувачи инвестираа околу 120.000 евра, а кампањата е тек.

Иако ова е период во кој тимот на EBB Software е зафатен со финализирање на демото, сепак одвоиjа време да ни одговорат на неколку прашања.

Играта е во развој четири години, а според најавите би требала да биде достапна за околу една години, октомври 2018 година.
На играта работиме 20 луѓе. Го користиме Unreal 4 енџинот. Scorn е во развој веќе 4 години, иако тимот беше значително помал на почетокот.
Scorn е нелинеарна хорор-авантура во прво лице. Во играта протагонистот е фрлен во кошмарен свет, но за разлика од најголемиот дел од игри, светот не е во целост фокусиран на играчот. Чудовиштата имаат и сопствени потреби и карактер. Дел од нив се љубопитни, дел преплашени, а дел неутрални или ве напаѓаат. Однесувањето на чудовиштата зависи од однесувањето на играчот и како тој влијае на светот. Иако можеби помисливте дека главен карактер во играта сте вие, сепак тоа не е случај. Главната улога во играта ја сепак има чудниот свет.
Играчот во текот на играњето открива нови области и се здобива со нови вештини. Секако, пронаоѓањето нови оружја е забавно, но играчите ќе мора да одлучат кога да се борат, а кога да бегаат.
Една од одлуките на тимот е играта да доаѓа без „cutscenes“. Ова значи дека приказната се случува додека играте, а нема специјални паузи во кои се презентираат важните делови. Негативната страна е дека додека играте најверојатно ќе пропуштите барем дел од овие настани. Пропуштените настани во ист гејмплеј нема да се повторат. Но, не се грижите премногу за ова, еве што велат од EBB:
„Во тоа и е трикот. Нема да ја пропуштите приказната, но можеби ќе пропуштите некои настани ово неа. Токму тоа е дел од предизвикот и ќе ве натера повторно да ја изиграте Scorn. Сакаме да го направиме играчот дел од светот, а отстранувањето на „cutscenes“ ќе придонесе за ова“.
Покрај неколкуте успешни приказни, развојот на видеоигри сè уште е реткост во регионот. Ова најмногу важи за поквалитетни, таканаречени „ААА“ наслови.
„Гејминг индустријата во Србија дефинитивно е во развој, иако повеќе има недостаток на луѓе со искуство, отколку на кадар без знаење. Многу е поедноставно да го совладате софтверот, отколку да знаете како дизајнирате звук или да носите бизнис одлуки“, велат од EBB Software. „Најголемите проблеми ни се исти како и со останатите инди развивачи насекаде – пристап до финансии. Тешко е да се менаџира со двата краја на развојот истовремено – бизнис аспектот и креативниот аспект.“
Kickstarter кампањата за Scorn трае до 10 октомври. Ако успеат да соберат 175.000 евра, Scorn ќе добие и верзија за виртуеланта реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии